,,Струга Трим Лум“ ги започнува летните подготовки, Бесир Рамадани е новото засилување
Eкипата на „Струга Трим Лум“ oд денеска официјално ги стартуваше летните подготовки.

Младиот фудбалер Бесир Рамадани кој играше за Шкупи, Гостивар и Генч Калемлер засега е единственото ново име во редовите на Струга Трим Лум. Во тимот се врати Арион Зиба од Лабуништа, а од Струга Трим Лум си заминаа Емран Рамадани, Валентин Кочоски, Христијан Кировски и Арбен Тафа. Нови договори потпишаа Фљамур Таири и Клисман Цаке, а останува и Дејан Цветаноски.
Тренер на Струга Трим Лум е Срѓан Захариевски.

