Струшките џудисти освоија 14 медали во Прилеп
Струшките џудисти освоија 14 медали во Прилеп на „Прилеп Град Херој Цевитана Куп“.

На 05 октомври 2024 година, ЏК „Дрим“ Струга настапи на меѓународниот натпревар во Прилеп „Град Херој Цевитана куп“ на кој учество од редовите на ЏК „Дрим“ зедоа 23 џудисти. Овој викенд е за паметење за Струшките џудисти бидејќи се закитија со 14 медали.
„Честитки за нашите фантастични џудисти кој изобилуваат со талент и знаење и секако за тренерите кој со нивната посветена работа, и одлучност и едукација кој долги години вложуваат напор и создаваат врвна спортска иднина за децата и џудо спортот во Струга“ -изјавија од ЏК „Дрим“ Струга.

Со медали се закитија:
Прво место-Златен медал за Ајлин Бајрамоска, Дорјан Петкоски, Давид Спироски, Елеонора Јосифоска, Мила Стојмиловска и Мелек Тала.
Второ место-Сребрен медал за Сергеј Блажески.
Трето место-Бронзен медал за Мила Стојанова, Елиф Тала, Карим Идризоски, Катерина Клењоска, Енил Ајдиноски, Божидар Јулоски и Џахид Османоски.
Бајрам Ајрулоски, Билал Ајрулоски, Матеј Димитриоски и Албин Чолаку освоија 5то место, додека Алдин Оџоски, Ненад Костоски, Амар Бајрамоски, Славјан Чатарошкоски и Исмаил Оџоски останаа без пласман.
StrugaOnline

