Пливачкиот клуб „Три Дисциплини“ овој викенд настапи на Меѓународниот пливачки митинг Ана Чучкович 2025, Требиње, Босна и Херцеговина.

Во огромна конкуренција на пливачи од Босна, Србија, Хрватска, Швајцарија, Италија пливачите на „Три Дисциплини“ котираа одлично и секунди ги делеа од првите места.
Јаков Хиохи освои трето место во дисциплината прсно 100 м и Јана Билетина трето место во дисциплината 50 м грбно.
За пливачите на „Три Дисциплини“ ова претставуваше огромен успех и одличен натпревар за промена и искуство надвор од Македонија. Честитки и за: Дарија Магдис, Девран Куртис, Керем Куртис, Софија Кутаноска, Филип Калајџиески, Виктор Опетчески, Матеј Лазороски, Бисера Кутаноска, Јован Кутаноски, Дејан Лекоски, Петар Шикоски, Ѓорѓи Цветаноски, Стефанија Кутаноска.
StrugaOnline
Facebook Коментари