Струшките триатлонци постигнаа одлични резултати на триатлон првенството во Панчево
На отвореното триатлон првенство во Панчево, Србија, настапија десет од најдобрите триатлонци од триатлон клубот ,,3Дисциплини“ кои постигнаа одлични резултати.

Јован Кутаноски – второ место во категорија помлади пионери,
Хади Исмаиловски – трето место во кат. помлади пионери
Стефанија Кутаноска – второ место во кат. пионерки
Софија Кутаноска – трето место во кат. пионерки.
,,Честитки и за нашите постари пионери кои овој пат за жал испуштија пиедестал од прво до трето место , Дамјан Бежаноски, Тија Кукунешоска, Олса Орани, Марко Шаврески, Климент Ковачески, Виктор Опетчески.,,-вели тренерот Никола Кутаноски.
За струшките триатлонци следуваат нови предизвици веќе од четврток на велосипедската трка Халк ело греен во Маврово, на 11.09.2022 балканско првенство во триатлон и акватлон во Загреб ,а оваа успешна сезона ќе заврши на домашен терен на отворено триатлон првенство што ќе се одржи во авто кампот Ас на 18.09.2022.

