Струшките триатлонци со одлични резултати на полумаратонот во Кавадарци
Триатлон клубот ,,3Дисциплини“ од Струга имаше успешен настап на шестиот полумаратон што се одржа во Кавадарци. Нашите триатлонци освоија две први, две втори и две трети места.

Екипно на 5км клубот освои прво место и во машка и во женска конкуренција.
Миа Мачоска-прво место
Матео Мачоски прво место
Софија Кутаноска второ место
Тија Кукунешоска второ место
Стефанија Кутаноска-трето место
Марко Шаврески-трето место
,,Честитки и за Димитар Јовановски, Блерта Хани, Хади Исмаилоски, Виктор Опетчески,
Јован Кутаноски, Нела Стојанова, Матеј Јовчески, Стефче Милошески , Вања Мачоска и тренерот
Никола Кутаноски, кои успешно ја завршија трката,придонесоа за екипен пласман на прво место за 3Дисциплини и бележат подобрување на своите лични времиња.“-велат од клубот.
Нивниот следен предизвик ќе биде Интернационалниот пливачки Делфин куп што ќе се одржи во Скопје.
Strugaonline
