Лев банер Десен банер

Струшките веслачи ќе ги бранат боите на Македонија на Балканското првенство во Едрене, Турција

Најдобрите македонски веслачи отпатуваа за Едрене, Турција каде претстојниот викенд на 14 и 15.09.2024 ќе учествуваат на Балканскиот шампонат.

Боите на македонската репрезентација на ова престижно натпреварување ќе ги бранат Климентина Стојмиловска и Ана Прентоска во женска конкуренција, како и Кристијан Китаноски, Леон Шутиноски, Александар Хиохи и Вања Кукунеш во машка конкуренција – сите членови на ВК Црн Дрим од Струга, предводени од тренерите Владимир Голабоски и Никола Мариноски и претседателот на ВФМ, др. Здравко Голабоски.

Покрај нашата репрезентација на ова првенство ќе учествуваат и најдобрите млади веслачи од домаќинот репрезентацијата на Турција, потоа Романија, Грција, Бугарија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Србија.

На македонските веслачи им посакуваме многу среќа и успех во Едрене.

StrugaOnline

error: