Лев банер Десен банер

Стружанецот Бојан Белески најефикасен од тимот на германски Charlotenburg во натпреварот против Rudow

Ракометниот тим Charlotenburg  од Берлин за кој игра стружанецот Бојан Белески, изминатиов викенд на гостински терен со резултат 24-27  славеше над двократниот шампион во тамошната четврта лига, тимот на Rudow.

Белески со постигнати осум голови беше најдобар во својот тим.

-Charlotenburg е мешан состав во кој има ракометари од повеќе земји. Како екипа функционираме одлично и можам да кажам дека овде сум одлично прифатен што е секако многу важно за елан и мотивација за добра игра. Среќен сум што на најдобар можен начин придонесов за победа над екипата на Rudow Би сакал да истакнам дека во Берлин имам одлични услови за работа-изјави за Strugaonline Бојан Белески.

Тој со екипата на Charlotenburg  има договор за уште една сезона.

Strugaonline

error: