Стружанецот Гоце Ојлески ќе игра денеска на мечот со Данска

Македонскиот селектор Раул Гонзалез денеска ја направи последна измена во составот на македонската репрезентација.
На денешниот натпревар против Данска дефинитивно нема да настапи капитенот Кире Лазаров, кај кого е дијагностицирана парцијална роптура на задниот бутен мускул, и за да закрепне потребни му се 2 до 4 недели пауза.
На местото на Кире Лазаров во составот на нашата селекција ќе настапи крилото Гоце Ојлески.
Средбата со Данска се игра денеска, со почеток во 18.15 часот.
Извор: rkmetalurg.mk
фото: архива
Strugaonline

