Лев банер Десен банер

Стружанецот Лука Симоноски е победник на затворениот турнир „Малиот Витез“ во Скопје

Стружанецот Симоновски Лука и Атанасовски Давид се победници на затворениот турнир „Малиот Витез” во категориите до 10 и 12 години. Во категоријата до 12 години Лука освои 7,5 поени од 9 партии, додека во категоријата до 10 години Давид беше супериорен победувајќи со 8 поени од 9 партии без ниеден пораз.

Турнирите се одржаа во Скопје од 24-28 септември.

Шампионскиот пехар го носи во Струга, каде што се и неговите почетоци.

-Со овој историски успех, Лука добива заслужено место да игра на првиот Меѓународен бергер турнир Lake Queen – Battle of Champions кој планираме да го организираме во 2026 година со помош на општествено одговорни компании,пријатели на шахот и други подржувачи, информира Ѓоко Котески од Младинската Шаховска Школа Струга.

StrugaOnline

error: