Стружанецот Михајло Ристовски 7-ми на Светското мастерс првенство во пливање во Сингапур
На Светското првенство во пливање за ветерани (Masters) кое се одржа во Сингапур во 2025 година, македонскиот претставник Михајло Ристовски од Струга постигна извонреден успех во маратонската дисциплина на 3 километри.
Во возрасната категорија од 40 до 44 години, стружанецот Михајло Ристовски се пласираше на високото 7-мо место во конкуренција од 43 натпреварувачи од целиот свет.
StrugaOnline

