Стружанецот Наум Танески е нов тренер на РК Прилеп

- Локални, Спорт
289
Стружанецот Наум Танески е нова стручна сила во редовите на РК Прилеп.
-Со огромно задоволство го најавуваме пристигнувањето на Наум Танески, поранешен тренер на РК Струга и актуелен селектор на младинската репрезентација на Македонија, велат од РК Прилеп.
Танески сезонава го водеше Струга и успеа да обезбеди опстанок во Суперлигата, а сега со голема амбиција пристапува кон нов предизвик во Прилеп.

StrugaOnline

Facebook Коментари