Лев банер Десен банер

Стружанецот Сотир Настоски го освои сребрениот медал на Државното првенство во БЏЏ во САД

На Државното првенство во бразилско џиу џицу (БЏЏ) кое се одржа на 25 февруари, во градот Ралеиг, САД, стружанецот Сотир Настоски, кој е истакнат карате мајстор, но и инструктор по други боречки вештини, го освои второто место во дисциплината но-ги (без кимоно)

Настоски, кој настапува за Бразилскиот топ тим Шарлот, во финалето се сретна со Џибрил Диоп од САД.

На првенството учествуваа преку 600 натпреварувачи во различни дисциплини, Сотир откако го освои сребрениот медал, гордо го развиори македонското знаме.

„Многу сум среќен за постигнатиот успех, и сакам да изразам голема благодарност до мојот тренер Гуто Нето од клубот БТТ Шарлот, со кој се подготвував за ова натпреварување“, изјави стружанецот Сотир Настоски.

StrugaOnline

error: