Скопје викендов ќе пулсира во ритамот на џудото, од 2 до 3 август, во Спортската сала „Јане Сандански“, ќе се одржи Европскиот куп за јуниори во џудо – престижен меѓународен турнир во организација на Џудо федерацијата на Македонија кој се бодува за светската ранг листа.
Стружанката Анамарија Стојмилоска од Џудо клубот „Дрим“ од Струга заедно со над 300 млади џудисти од над 25 земји ќе се борат за бодови и слава на патот кон Европските и Светските првенства.
-Нашите македонски репрезентативци ќе ги одмерат силите со европската елита, бидете дел од големиот спортски настан и почувствувајте ја магијата на џудото, велат организаторите.
StrugaOnline
Facebook Коментари