Македонското џудо повторно ќе има своја претставник на светската сцена. Младата и талентирана џудистка Анамарија Стојмиловска ќе биде единствената која ќе ги брани боите на Македонија на Светското првенство во џудо за кадети, што ќе се одржи во Софија, Бугарија.
Светското првенство во џудо за кадети е еден од најважните настани во младинскиот спортски календар, каде настапуваат најдобрите млади џудисти од целиот свет. За Анамарија, ова е голема шанса да стекне искуство, да се натпреварува со врвни противници и да покаже што значи да се биде вистински спортски амбасадор на својата земја.
StrugaOnline
Facebook Коментари