Стружанките Трифуноска и Балоска потпишаа за ЖРК Вардар, во клубот останува и Ристовска

- Спорт
839

ЖРК Вардар продолжува да го засилува ростерот за новата натпреварувачка сезона. Нови имиња во Вардар се Ивана Трифуноска и Елена Балоска кои доаѓаат од екипата на Стружанка.

-Трифуноска игра на позицијата десен бек, додека Балоска е среден бек. Елена Балоска беше прогласена за најдобар стрелец и најкорисен играч на Ф4 турнирот во пионерска конкуренција за изминатата сезона. Со двете ракометарки е потпишан договор на две години.-стои во соопштението од ЖРК Вардар.

Тие додаваат дека  договор на две години е потшишан и со стружанката  Мила Ристовска, ракометарка која и минатата сезона беше дел од клубот.

Strugaonline

Facebook Коментари