Тече рокот за пријавување на турнирот во мал фудбал „Петровден“

- Спорт
1747

43-от по ред турнир во мал фудбал „Петровден“ кој се одржува во c. Мешеишта, годинава ќе се одржи од 19-ти јуни до 12-ти јули. Пријавувањето е веќе во тек, а заинтересираните екипи можат да се пријават најдоцна до 17-ти јуни, до 22:00 часот, кај Игор Крцоски.

За учество на турнирот секоја екипа до истекот на рокот треба да плати 3.000 денари. Распоредот на екипите по групи ќе биде одреден  на 18-ти овој месец во 21 часот во Домот на културата во Мешеишта (кај полигонот)

Натпреварите ќе се играат во вечерни термини, а  наградниот фонд ќе биде соопштен на ден пред почеток на турнирот.

 

Извор: Strugaonline

Фото: Facebook

Facebook Коментари