Лев банер Десен банер

Тиквеш приреди големо изненадување со победата над Металург во Струга

Екипата на Тиквеш приреди вистинско изненадување со победата против Металург на струшкиот турнир. Кавадарчани славеа со 30:26 (12:12).

На крајот на првото полувреме беше израмнето (12:12) со што Тиквеш најави дека ќе се бори за победа.

Во второто полувреме Металург имаше постојано водство од два до три гола, но пресвртот дојде благодарение на  извонредниот голман на Тиквеш, Александар Стојаноски, кој до крајот на забележа 18 одбрани. За десет минути, кавадарчани постигнаа осум гола, а примија само еден, и на крај славеа со 30:26.

Извор и фото: Strugaonline

error: