Тотенхем ја прекина победничката серија на Челзи

Екипата на Тотенхем стави крај на неверојатната низа од 13 победи на екипата на Челзи, откако синоќа во лондонското дерби славеа со 2-0. Херој на победата на Тотенхем беше Деле Али кој на идентичен начин беше стрелец на двата гола.
По 20 одиграни кола во Премиерлигата, Челзи и понатаму е лидер, а Тотенхем сега е на третата позиција на табелата со седум бода помалку од лидерот.

