Тунис изненадени, МАКЕДОНИЈА – ТУНИС, 34:30

- Спорт
890

Македонија го отвори настапот на Светското првенство во Франција со победа над Тунис со 34:30.

1

Отворивме со 2:0 со головите на Манасков и Лазаров, но откако Тунис изедначи на 2:2 во најголемиот дел од првото полувреме игравме изедначено. Капитенот и Стоилов одиграа фантастичен меч и беа незапирливи за противничката одбрана и она што ни го донесе триумфот дефинитивно е нападот, кој беспрекорно функционираше. Во првото полувреме затаи одбраната, особено голманите беа скромни со интервенциите, па на полувремето се најдовме во негатива од 13:14.

Во вистински очај бевме на почетокот на второто полувреме кога дури во три ситуации противникот имаше водство од четири погодоци (16:20, 17:21, 20:24), но комплетниот пресврт и победата дојдоа во последните десет минути од натпреварот.
Голманот Благојче Трајковски и го даде на нашата репрезентација она што и недостасуваше дотогаш, да се затвори нашиот гол и им даде крила на соиграчите да го торпедираат Тунис.
Кирил Лазаров со 12 погодоци беше најдобар играч на натпреварот, додека Манасков и Стоилов постигнаа по 7 гола.

Facebook Коментари