Тутенкоски и наредната сезона ќе го брани голот на РК Струга

- Локални, Спорт
195

РК Струга го задржа и голманот Дамјан Тутенкоски, кој ќе продолжи да ја чува мрежата на екипата и во новата сезона.

Тутенкоски беше еден од клучните играчи во минатогодишниот успех на тимот, кој преку бараж натпреварите избори пласман во македонската Суперлига.

Покрај него, РК Струга веќе обезбеди потпис и од Наум Костов, десно крило кое доаѓа од редовите на Охрид.

Претходно беа продолжение соработките со Војо Кљеноски, Ненад Костоски, Филип Талевски и Филип Пајкоски.

StrugaOnline

Facebook Коментари