Лев банер Десен банер

Убедлива победа на ЖРК Струга 2024 во езерското дерби против ГРК Охрид

Во првото коло од Пионерската женска лига, стружанките од ЖРК Струга 2024 во езерското дерби против ГРК Охрид извојуваа убедлива победа со 8:25.

Тимската игра предводена од тренерите Владимир Паноски, Маја Попоска и големото засилување на клупата од оваа сезона од нашата најдобра ракометарка Теодора Гулицоска донесоа убедлива победа во која сите стружанки беа одлични.

Нареден натпревар во второто коло ЖРК Струга 2024 на домашен терен ја пречекува екипата на ЖРК Астибо од Штип.

StrugaOnline

error: