Убедливи победи викендов на сениорките и јуниорките на ЖКК Струга 2009
Успешен викенд за струшките кошаркарки на ЖКК Струга 2009.

Во третото коло од втората кошаркарска лига за жени, сениорките на ЖКК Струга 2009 извојуваа убедлива победа против екипата на ЖКК Шкупи со 61:33 (18:07; 16:05; 07:13; 20:08).
Во нашата екипа капитенот Хиса и Муртезаи постигнаа по 12 поени, Кавај и Даути и Цинчиќ 6, Таранеши 5, Миладиноска 4, Шикоска и Павлеска по 2 поени. Кај гостите најдобри беа Сулејмани со 15 поени и Ејупи 11 поени.
И јуниорките на ЖКК Струга 2009 извојуваа уште една победа, ЖКК Струга 2009 – ЖКК Тим Арена Штип 52:40 (17:08; 19:11; 07:15; 09:06).
Зиба постигна 15 поени, Муртезаи 13, Даути 11, Цинчиќ 14, Миладиноска, Шикоска, Незири и Павлеска постигнаа по 2 поени и Кавај 1 поен.
StrugaOnline
