Денес во СРЦ „25 Мај“ во Радовиш, со почеток 11:00 час, во организација на Федерацијата на училишен спорт на Република Македонија и Општински сојуз на Училишен спорт во општина Радовиш се одржа Државно првенство за Основни училишта во Ракомет.
На првенството учествуваа најдобрите 4 екипи од Скопје, Куманово, Струга како и екипата на УСК „Коста Рацин“ од Подареш.
Учениците од основното училиште „Јосип Броз“ од Струга го освоја првото место, продолжувајќи ја традицијата на освојување на високи места со нивните редовни учества на највисоките натпреварувања во Република Македонија.
Извор: StrugaOnline
Facebook Коментари