Лев банер Десен банер

Успешен настап на македонските таеквондисти меѓу кој и на клубот „СОНКАЛ“ од Мислешево на „Плевен Опен 2026“

Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација (М.Т.Т.Ф.) освои два сребрени и три бронзени медали на меѓународниот ИТФ натпревар за деца до 14 години „Плевен Опен 2026“, кој се одржа викендов.

Под водство на Марјанчо Лазаревски, боите на федерацијата оваа година ги бранеа шест натпреварувачи – петмина од Таеквон-до клубот „ХВА РАНГ ИТФ“ од Лескоец, Охрид, и еден натпреварувач од Таеквон-до клубот „СОНКАЛ“ од Мислешево, Струга.

Младите спортисти настапија во дисциплината спаринг, односно борби, каде што се соочија со силна меѓународна конкуренција. И покрај предизвиците, македонските натпреварувачи остварија одличен резултат, освојувајќи вкупно пет медали – два сребрени и три бронзени.

Посебно внимание заслужува настапот на 11-годишниот Кристијан Гагалески од Таеквон-до клубот „СОНКАЛ“ од Мислешево, Струга. Иако беше единствениот претставник на својот клуб, Гагалески покажа голема борбеност, пожртвуваност и желба достојно да ги претстави својот клуб и својата држава. Со одличниот настап и покрај силната конкуренција, тој го освои третото место и бронзениот медал.

Успехот на младите таеквондисти на „Плевен Опен 2026“ претставува потврда за нивната посветеност, труд и спортски дух, како и за континуираната работа на клубовите во развојот на младите таленти во традиционалното таеквон-до.

Со освоените пет медали, македонските претставници уште еднаш покажаа дека и најмладите спортисти можат успешно да се носат со меѓународната конкуренција и достојно да ги претставуваат македонското таеквон-до и својата држава.

StrugaOnline

error: