Успешен старт на ракометарите на Франција против Бразил

- Спорт
650

1

Селекцијата домаќин на Мундијалот, Франција со убедлив триумф над Бразил 31-16 (17-7) ја започна одбраната на тронот во светскиот ракомет.

Франција комплетно ја оправдаа улогата на фаворит во премиерниот натпревар од Мундијалот декласирајќи го Бразил во секој сегмент од играта.

Брилијантни на голот беа Жерард и Омејер, а на висина од задачата беа сите играчи кои добија прилика за настап.

Првата рунда од А групата ќе се комплетира со мечевите Русија – Јапонија и Полска – Норвешка.

Македонија настапува утре против селекцијата на Тунис со почеток во 17:45.

Facebook Коментари