Утре пионерите на РК Струга играат против екипата на РК Еурофарм Пелистер
Младите ракометари на РК Струга ги очекува нов предизвик во Пионерската машка лига. Во рамките на петтото коло, стружани ќе ги одмерат силите со екипата на РК Еурофарм Пелистер, во натпревар што ќе се одигра утре, петок, 23 октомври.
Натпреварот е закажан за 12:00 часот во спортската сала „Боро Чурлески“ во Битола, каде што младите ракометари ќе имаат можност да ги покажат своите квалитети и борбеност на теренот.
Кој не е во можност да присуствува може да го гледа натпреварот на следниот линк:
>
StrugaOnline

