Вардар ја освои тринаесеттата титула во Купот на Македонија

- Спорт
926

Сезоната на рекорди продолжува за Вардар и во клупските витрини стигна и 13. Куп титула. „Црвено-црните” во финалето во Битола го победија Металург со 30-26. Вардар е првиот и единствен тим со пет триумфи по ред во Купот на Македонија, што досега никому не му успеало.

Ова истовремено е четврта двојна круна по ред за Вардарци. Доминацијата во Купот почна во 1997 година, кога првпат беа победници. Последниве пет години имаа апсолутна доминација. Имаат  и 12 титули во првенството, што исто така е најдобар резултат на екипа од Македонија.

Двата натпревари од Купот на Македонија беа последни средби за Вардар пре додигрувањето на Ф4 турнирот во Келн каде следниот викенд ќе се бори за одбрана на европската круна.

Вардар – Металург 30-26 (14-12)

ВАРДАР: Стоилов 1, Недановски, Поповски, Криштопанс 3, Милиќ 1, Мораше 1, Македа 3, Ѓорѓески, Карачиќ 4, Абутовиќ, Кањељас, Циндриќ 5, Дибиров 6, Шишкарев 4, Борозан 2.

Извор и фото: РК Вардар

Facebook Коментари