Лев банер Десен банер

Вардар ја постигна осмата победа по ред во ЛШ

Ракометниот клуб Вардар ја постигна осмата победа по ред во Лигата на шампионите. Со триумфот над ППД Загреб со 28-21 (13-10) Вардар остана со максимален број бодиви и по третото коло во групата А на лигата на шампионите.

Играта на натпреварот со ППД Загреб  тргна во вистинска насока во корист на Вардар во 14-та минута од натпреварот кога за прв пат успеаа да поведат со 5:4, иако на почетокот на натпреварот гостите водеа со 0:3. После постигнувањето на првото водство во 14-та минута, се беше полесно.  На полувреме резултатот беше 13:10. Второто полувреме донесе резултат 16:10, па после еден период во кој шест минути се играше без голови, погодија и двете екипи за резултат 17:12.

Во 50. минута Вардар зголеми и на „плус седум” за водство 21-14, , а  седумте голови предност ги имаше уште неколкупати до крајот на средбата.

Извор и фото: rkvardar.mk

Strugaonline

error: