Лев банер Десен банер

Вардар на домешен терен славеше над Елверум

Екипата на Вардар славеше на домашен терен над Елверум во натпревар од Лигата на шампионите.

Иако во еден момент во првото полувреме Вардарци имаа  и негатива од четири голови, нашиот тим покажа карактер, желба и мотив да победи.

Во последните шест минути Вардар иако имаше негатива од еден гол (31-30) и плус црвен картон на Глеб Калараш успеа да се извлече. Норвежаните постигнаа гол за водство, 32-30, но потоа следуваше серија од 5-0. Шеваљеви, двапати Георгиевски и плус Чупиќ и Дибиров донесоа радост во „Јане Сандански“. На секоја не реализирана шанса на Елверум , Вардар одговараше  со гол и прво преку Георгиевски израмни на 32-32 во 57 минута, а потоа по двете грешки на гостинското крило Хедберг, прво Георгиевски а потоа и Чупиќ од пенал зголемија на 34-32. Тимур Дибиров кој беше најефикасен на средбата со вкупно девет голови, токму последниот го постигна во последните секунди.

На добрата игра на Вардар во второто полувреме се надоврзаа и добрите одбрани на Робин Кантегрел кој за само пет минути имаше шет одлични интервенции, одржувајќи го Вардар во игра, овозможувајќи им на „црвено-црните“ во последните десет минути да влезат во „егал“.

Извор и фото: РК Вардар

 

error: