Европскиот првак Вардар останува најдобар тим во лигата на шампионите и по 8. коло откако го победи Рајн Некар со 30-26 (17-13). „Црвено-црните” остануваат единствена екипа без пораз и со серија од 13 натпревари по ред на кои освојуваат бодови, што е уште еден клупски рекорд. Вардар го задржа првото место во А групата со 15 бодови.
Гостите успеаа да израмнат само во 2-та минута за резултат 1:1, а потоа се беше во знакот на Вардар. Уште во 10. минута од натпреварот гостинскиот тренер беше приморан да побара тајм аут бидејќи Рајн Некар веќе имаше негатива од 3-6. И советите само делумно помогнаа. Вардар продолжи да игра одлично особено во одбраната, пресекувајќи многу топки и потоа реализирајжи „лесни голови”.
Следните десет минути повторно беа во знак на Вардар, тие водеа со 13-7, а на гостите не им преостана ништо друго освен повторно да бараат минута одмор. Нападот на Вардар беше прецизен, неколкупати имаа и „плус 6″ најавувајќи дека се подготвени да останат во победничката низа. Но, Рајн Некар секогаш покажува дека знае да казнува, па во самата завршница со два гола по ред намали на „прифатливи” за нив четири гола разлика.
Во вториот дел од натпреварот ракометарите на Вардар само ја одржуваа разликата и натпреварот заврши со резултат 30-26.
Во следното коло Вардар гостува во Германија кај Рајн Некар.
Извор и фото: rkvardar.mk
Strugaonline
Facebook Коментари