Вардар издржа вистинска драма на реваншот во четврт-финалето на Лигата на шампионите, па и покрај поразот од 25-29 во Унгарија од Сегед, сепак нашите ракометари ќе играат на Ф4 турнирот во Келн.
Уште |oд самиот почеток на натпреварот беше јасно дека ќе се игра еден тежок натпрегвар во кој треба многу напор и добра игра. Првото полувреме им припадна на противниците бидејќи најпрво водеа со 7:4 , а потоа стигнаа и до 11:6, за на одмор да отидат со резултат 16:7.
Во вториот дел имаше постојана промена на резултатот, Вардарци силно се бореа за да ја стопат разликата.
На осум минути пред крајот на натпреварот, Вардар направи серија од 6:0 и ја спушти разликата на само два гола, 25:23.
Потоа почнаа да попуштаат и нервите на ракометарите на Сегед но ниту острата игра не им помогна, па на крај Вардарци се радуваа на поразот равен на победа!
Strugaonline
фото: РК Вардар
Facebook Коментари