Во четвртиот обид да стигне меѓу четирите најдобри екипи во лигата на шампионите на Вардар му успеа да стане првата машка екипа од Македонија што стигнува на Ф4 турнирот.
Триумфот од 35-27 (15-10) во реванш натпреварот со Флензбург беше само шлаг на тортата, на она што три години се работеше и се формираше мозаикот за конечно да се исполни целта.
По елиминациите од Фленсбург пред три сезони, потоа и од Киелце и Веспрем, македонскиот шампион ќе игра за првпат во Келн. Со максимум исполнети трибини во СЦ „Јане Сандански“, уште на стартот се почувствува кој тим ќе го гледаме на Ф4. Избраниците на Раул одиграа уште еден врвен натпревар и на крај славеа над Фленсбург со 35:27.
На трибините веќе почна да се слави пласманот во Келн, а на теренот вардарци ја забавуваа публиката со атрактивни голови. Конечниот резултат беше 35:27. Најдобар поединец во македонскиот првак беше Лука Циндриќ со 6 голови, а Шишкарев и Душебаев дадоа по 5. Голманите Штербик и Милиќ беа на ниво со вкупно 14 интервенции.
Кај гостите се исткана левото крило Андреас Егерт со 8 голови, додека по 4 дадоа Мае и Тофт Хансен. Вардар веќе е на Ф4, а три од тимовите на Кил, Барселона, Монпелје, Веспрем, ПСЖ и ПИК Сегед ќе му бидат можни противници во Келн.
Facebook Коментари