Вардар се избори за реми на гостувањето кај Валур
Марко Срдановиќ со пенал во последната секунда му донесе бод на Вардар на гостувањето на Исланд, играјќи 34-34 против Валург. Можеа „црвено-црните“ и да победат, но и да загубат, а пеналот беше досуден во последните секунди поради намерно играње со нога и задржување време на Јонасон.

Со овој бод, Вардар остана на третото место на табелата, со три бода, но сега веќе нема ни математички шанси дека би можел некако да стигне до втората фаза, за тоа му требаше триумф.
Гоце Георгиевски, Мрако Сдрановиќ и Ашраф Маргели постигнаа по 5 гола, а Горига и Петриќ по четири за Вардар. Во тимот на Валург, најпрецизен беше Пордарсн со 11 гола, а Магнусен даде 7.
StrugaOnline

