Лев банер Десен банер

Вардар славеше над Монпелје на гости во Франција

Во првото коло од новата сезона во ЕХФ лигата на шампионите Вардар се враќа со триумф од Франција.Нашите ракометари го победија Монпелје со 33-31 што е 70-та победа за Вардар во групната фаза од ЛШ.

Љубителите на ракометот проследија интересен и неизвесен натпревар , најпрво Вардар поведе со 1:0, следните минути, некаде до средината на првиот дел поминаа во знакот и со доминација на противникот, потоа Вардарци го засилија темпото, па на полувреме беше  17:16 за домаќините.

Во вториот дел Вардар направи сосема нова ракометна приказна и во 43та минута веќе водеше со 25:23. Потоа Монпелје направи серија од 4:0, нашите ракометари повторно ја стопија предноста на противникот, а на крај успеа и да го добие овој меч со резултат 33:31

Strugaonline

фото: РК Вардар

error: