Вардарци убедливо славеа над Охрид

- Спорт
874

На првото гостување во домашното првенство во плеј-офот Вардар си замина од Охрид со три бода и победа од 27-14 (14-6). Не само што немаа проблеми туку тренерот Раул Гонзалес можеше да им даде шанса и на оние што поретко влегуваат во игра, барем на понеизвесните натпревари.

Во Охрид Вардарци отпатуваа без Кањељас, Борозан и Шишкарев. Тоа и не се забележа во играта, бидејќи освен почетните 2-2 домашните потоа заостануваа постојано во играта.   Потоа следуваше една убава серија на „црвено-црните” кои зголемија на 12-4 најавувајќи уште во средината на првото полувреме дека планираните бодови заминуваат за Скопје. Публиката во Охрид можеше да ужива во мајсториите на европските прваци, а шанса за играње добија и Недановски, Поповски, Ѓорѓески.

Двоцифрената предност Вардарци ја имаа на почетокот на вториот дел кога поведоа со 18-8, а на крај славеа со со 27-14.

Во следното коло Вардар е домаќин на Еурофарм Работник.

Охрид – Вардар 14-27 (6-14)
ВАРДАР: Штербик, Стоилов, Поповски 2, Криштопанс 3, Милиќ, Мораеш 2, Македа 1, Ѓорѓески, Карачиќ, Циндриќ 1, Дибиров 4, Војводиќ 4, Марсениќ 1, Недановски 2, Чупиќ 7.

Извор и фото: rkvardar.mk/

Facebook Коментари