Вардарки ја прекинаа победничката серија во ЛШ но остануваат лидери во групата

- Спорт
1055

И по 4-то коло во главната фаза од лигата на шампионките, Вардар останува лидер во А групата, но ја прекина победничката серија што ја имаше сезонава. Гостинките од Црна Гора, ракометарките на Будуќност во СЦ „Јане Сандански” се радуваа на победата 31-28.

До овој меч Вардар имаше серија од 8 победи по ред во ЛШ, и на 10 натпревари немаше загубено натпревар. Будуќност е првиот тим што успева по 7 мај 2016 година да го победи Вардар. Тогаш во полуфиналето на Ф4 турнирот во Будимпешта вардарки загубија од идниот европски првак ЧСМ Букурешт.

Вардар останува на првото место во групата со 13 бода, исто колку и ФТЦ Будимпешта, но Вардар има подобар меѓусебен биланс. Будуќност е третопласиран со 10 бода. Меѓу Вардар и ФТЦ Будимпешта ќе се бара победникот во групата, со цел да имаме „полесен ривал” во четврт-финалето, односно четвропласираниот тим од Б групата.

Во следното коло Вардар гостува кај Мец во Франција.

Facebook Коментари