Ракометарките на Вардар со победа во Подгорица стартуваа во главаната фаза во Лигата на шампиоките. Во рамките на Група 1, Вардар ја совлада Будуќност со 31:28. Претходно во оваа група Мец загуби од ФТц 25:28, а Турингер ја совлада Астрахоначка 34:22.
Вардарки во Подгорица одиграа одлично во првите и последните десет минути, додека во останатиот од натпреварот осцилираа, но сепак победија со што направија голем чекор кон освојување на првото место во Групата 1. Вардарки, исто така, го скршија малерот и по три години победија во Подгорица.
Во наредното коло, на 4. февруари, Вардар ќе ја пречека екипата на Мец.
Facebook Коментари