Лев банер Десен банер

Вардарки убедливо славеа против Мец на домашен терен

Ракометарките на Врадар ја продолжуваат низата од победи, седмата победа во оваа сезона на ЛШ ја постигнаа против француски Мец. Ова е прв натпревар од главната фаза за нашата репрезентација на која славеа убедливо со 29:23.

Вардарки домонираа уште на почетокот од натпреварот, и брзо дојдоа до 7 голови позитива. Во текот на првиот дел резултат беше 13:6, па 14:7, 15:8, а на одмор отидовме со резултат 15:9

Во вториот дел ракометарките на Мец успеаа да стигнат до 3 голови разлика, но Вардарки брзо  ја вратија својата предност од 7 голови.  На крај на домашен терен славеа со , 29:23.

Најдобри стрелци кај Вардар беа Цвијиќ со 7, Пенезиќ со 6 и Лакрабер со 4, додека Лејно имаше одличен учинок со 17 одбрани. Следниот натпревар вардарки го играат на гости во Германија, кај тимот на Битигхајм.

Strugaonline

Фото: архива

error: