Вечерва започнува 13-то коло во Лигата на шампиони во ракомет

- Спорт
933

Со двата натпревара кои ќе се играат вечерва ќе биде отворено 13. коло во машката ракометна Лига на шампиони, првата средба е во рамките од Б групата, а во неа Цеље го пречекува германскиот тим Рајн-Некар, кој е конкурент на македонскиот првак Вардар за освојување на првото место во групата.

Од групата А, вечерва ќе играат Кадетен Шафхаузен и Веспрем.

Останатите натпревари од ова коло на програмата се викендов, а двојките се: Фленсбург – Силкеборг, Мешков Брест – Вардар, ПИК Сегед – ППД Загреб, Кристијанштад – Киелце, Висла Плок – ПСЖ и Кил – Барселона.

Воедно претстојниот викенд ќе се играат и првите осминафинални натпревари во кои за место во четвртфиналето ќе се борат Мотор Запорожје – Монпеље и Ла Риоха – Нант.

Табела А група:

Барселона 22 бодови, ПСЖ 20, Веспрем 14, Фленсбург 11, Кил 11, Висла Плок 8, Силкеборг 6 и Кадетен Шафхаузен 2.

Табела Б група:

Вардар 18 бодови, Рајн-Некар 17, Киелце 16, Пик Сегед 13, Мешков Брест 12, ППД Загреб 7, Цеље 7 и Кристијанштад 6.

Facebook Коментари