Веселин Вујовиќ и Копер летово доаѓаат во Струга

- Локални, Спорт
1143

Со  смената на раководството во тимот на Струга дојде до промени и во организацијата на струшкиот турнир. Веќе е јасно дека организацијата се враќа кај клубот кој традиционално во минатото го организираше натпреварувањето во август и редовно привлекуваше голем број на квалитетни екипи.

Новиот претседател Наумче Мојсовски веќе уште сега има една екипа која сигурно ќе дојде во текот на летото и ќе игра на струшкиот турнир, а тоа е Копер на Веселин Вујовиќ. Поранешниот тренер на Вардар и селектор на Македонија веќе го дал својот збор така што Копер уште сега е запишан како учесник – објави 24ракомет.

Самиот факт што клубот е во рацете на Наумче Мојсовски јасно е дека може да се очекуваат уште неколку квалитетни клубови кои ќе го кренат нивото на турнирот и ќе го вратат сјајот којшто го имаше во минатото. Нема да биде изненадување и доколку и Вардар се врати на овој турнир, а сигурно ќе има место и за Пелистер и Металург.

Од она што е јасно е и дека Струга ќе биде далеку посилна бидејќи дел од ракометарите коишто порано биле членови на екипата би можеле да се вратат во составот и да помогнат тимот да се врати во Супер лигата, а таму да биде конкурентен за пласман во европските купови.

Тоа е целта која што Мојсовски си ја постави на почеток како претседател на Струга, но сигурно ќе треба да се оди полека и да се врати ракометот на нивото коешто го имаше во минатото. Инаку, Струга е клуб низ кој имаат поминато огромен број на репрезентативци на Македонија во сите категории.

Извор: 24 ракомет

фото:архива

 

Facebook Коментари