Лев банер Десен банер

Вестбрук постигна 46 поени во обид да и донесе победа на Оклахома (Видео)

russ1

Расел Вестбрук имаше ново брилијантно издание и успеа да уфрли дури 46 поени на натпреварот против Атланта, но сепак големата ѕвезда на Оклахома го промаши клучниот шут со кој можеше да му донесе победа на својот тим.

 

Оклахома и Атланта одиграа крајно драматичен и интересен натпревар, па на крајот се се решаваше во последните секунди во кои од брканицата како поуспешни излегоа „јастребите“ (108:110). Весбрук го заврши натпреваро со 46 поени, седум асистенции и девет скокови, но за негова несреќа, не успеа да ја израдува домашната публика во последниот обид кога направи „бунар“ со обидот за три поени. Овој потег автоматски и ја донесе победата на Атланта, тим во кој посебно се истакнаа Шродер со 31 поен и Милсап со 30 уфрлени поени.

error: