(ВИДЕО): РК Струга на гости во Ресен загуби од РК Преспа

Во рамките на првата македонска машка ракометна лига екипата на РК Струга го загуби дерби натпреварот со РК Преспа со резултат 21:20. Со ракометарите од противничката екипа нашите ракометари играа на гостински терен во Ресен. Стануваше збор за неизвесен натпревар во кој се играше гол за гол, а нашите ракометари на одмор отидоа со водство од 8:10, но, ракометарите на Преспа сепак славеа на крајот од натпреварот.

Инаку, РК Струга иако играше на гостински терен, на трибините во Ресен имаше многу наши навивачи кои отпатуваа за да им дадат поддршка.
https://www.facebook.com/strugaonline.mk/videos/698540053870112/
Извор и фото: Strugaonline

