Лев банер Десен банер

Викендов пионерите на РШ Динг Струга играат за пласман на Ф4

Најмладите ракометари, во пионерска конкуренција од денеска до сабота ќе се борат за пласман на завршниот турнир со најдобрите четири екипи. Минатиот викенд се играа првите мечеви, а сега треба да се одиграат реваншите.

Во Битола се игра дербито, меѓу Еурофарм Пелистер 2 и Динг од Струга. На првиот меч во Струга победија гостите, минимално со 9-8. Сега сите опции се отворени, и тој дуел ќе привлече најмногу внимание.

Ф4 турнирот треба да се игра следниот викенд, на 16 и 17 мај, а домаќинот и двојките ќе бидат дополнително објавени.

Реванш средби од четвртфиналето во пионерска конкуренција:

Четврток, 8 мај,
Вардар – Мулти Есенс (24-9)
сала – „Круме Кепески“ 20 часот

Петок, 9 мај
Аеродром – Алкалоид (28-14)
сала – „Јане Сандански“

Сабота, 10 мај
Охрид – Тиквеш (19-10)
сала „Тодор Александаров“ – Охрид

Еурофарм Пелистер 2 – Динг (9-8)
сала „Боро Чурлевски“ – Битола

StrugaOnline

error: