Лев банер Десен банер

Викендов се одржа регатата „Struga Open 2018“ по повод 85 години постоење на ВК Црн Дрим од Струга

Изминатиов викенд се одржа  струшката регата „Struga Open 2018“ како и прослава по повод 85 години постоење на веслачкиот клуб „Црн Дрим“ од Струга. На регатата учествуваа пет клубови: „Тракија“ од Пловдив (Бугарија), ЦСК од Софија (Бугарија) со вкупно 20 веслачи. Од Македонија учествуваа веслачките клубови „Југ“ од Охрид, „Дебар“ од Дебар и домаќните, „Црн Дрим“ од Струга.
Имаше вкупно 40 натпреварувачи. За нашиот веслачки клуб ова е јубилеј кој воедно донесе и победа бидејќи најмногу први места на Регатата „Struga Open 2018“ освоија веслачите од „Црн Дрим“.
Од клубот најавуваат нови активности за кои ќе информираме наскоро.
Strugaonline
 

 

error: