Во борба за третото место КЛ Струга убедливо против РК Струга
Во натпревар на две екипи кои на овој завршен турнир настапија без странски играчи, КЛ7 Струга убедливо го совлада градскиот ривал со резултат 31:21.
КЛ7 Струга на овој турнир имаше најмлад состав и со самото тоа и овој резултат е показател дека екипата се движи во вистинска насока.

Ова беше натпревар кој помина во целосна контрола на KЛ-7 Струга. РК Струга го отвори натпреварот со 0:1 и тоа беше единствено водство што успеа да го достигне. За брзо време КЛ7-Струга дојде до водство од 7:3 и успеа да го задржи до крајот на натпреварот. Пред крајот на првото полувреме РК Струга се доближа до само еден гол разлика односно 13:12
Второто полувреме помина во целосна доминација на КЛ7-Струга. На почетокот отворија со серија од 7:2 и дојдоа до водство од шест голови разлика и веќе познат победникот на овој натпревар. Потоа шанса да настапат на еден „фајнл фор“ добија и малите пионери на КЛ-7 кои не само што не дозволија да ја намалат разликата туку и да ја донесат до максимални 11 голови разлика односно 30:19.
Крајниот резултат гласеше 31:21, со што КЛ7-Струга го освои третото место на финалната завршница во младинска конкуренција.
Извор: КЛ7.mk

