Лев банер Десен банер

Во извонреден натпревар Металург ја совлада екипата на Чеховски Медведи

Во извонреден натпревар, ракометарите на Металург извојуваа победа во Чехово, каде го совладаа тимот на Чеховски Медведи, со резултат 32:26 (15:15). Ова е прва победа на Mеталург  во Чехово, каде вчера го одиграа вкупно третион натпревар. Истовремено, ова е засега највисокиот пораз на Чеховски Медведи на домашен терен во тековната сезона, иако овде сезонава гостуваа и Монпелје и Бешикташ.

Металург одигра одличен натпревар, како во нападот, така и во одбраната, и имаше најпостојана игра во досегашниот тек на сезоната, со минимален период на криза од која успеа да излезе со величествена серија од 6:0. Првото полувреме помина во речиси рамноправна игра, во првиот дел од првото полувреме во предност беше Металург, а успешни моменти и водство во вториот дел од првото полувреме имаа и противниците. Благодарение на младиот голман Мартин Томовски, кој влезе во 23. минута и кој за само четири минути одбрани четири удари, од кои и два седмерци Металург отиде на одмор со израмнет резултат односно 15:15.

На почетокот на второто полувреме екипата на Чеховски Медведи имаше позитива од два гола, но по краткиот кризен период Металург се врати во игра со серија 6:0.  Сето тоа внесе нервоза кај ракометарите на Чеховски Медведи, кои се почесто грешеа, а Металург сето тоа го искористи и ја наполни мрежата на противникот.

Чеховски Медведи – Металург 26:32 (15:15)

Чеховски Медведи: Андреев 2, Болотин, Џемин, Фуртцов, Грушко, Карлов 1, Корнев 3, А. Котов 2, К.Котов 1, Куретков 5, Маслеников 4, Осташченко 1, Павленко, Санталов 6, Шарков 1 и Василев.   Седмерци: 6/9.   Исклучувања: 6 минути.

Металург: Арсиќ (3 одбрани), Томовски (8 одбрани + 3 седмерци), Анџелиќ 4, Арсеновски, Димитриевски, Гуглета 1, Илиќ 4, Јагањац 9, Палевски, Пешевски 6, Петров, Серафимов 3, Танкоски 3, Токиќ 1 и Велковски 1.    Седмерци: 2/3.   Исклучувања: 8 минути.

Извор: rkmetalurg.mk

error: