Во организација на охридскиот пливачки клуб „Акваспирит“, во сабота, на 20-ти јули, на градскиот базен „Атина Бојаџи“ во Охрид, ќе се одржи четвртото издание на Меѓународниот пливачки митинг „Ohrid OPEN“.
– И оваа година голем број пливачи ширум земјава и регионот ќе бидат дел од најголемиот пливачки настан на базен во нашиот град и пошироко. Митингот започнува во 08:00 часот, стартот на трките е во 09:00, додека пливачите вториот дел ќе го започнат во 16:00 часот, информираат организаторите.
Strugaonline
Facebook Коментари