Во организација на Кошаркарскиот Клуб „Про Баскет“ од Кавадарци, во хотелот Солферино во Струга, од 8-ми до 12-ти јануари 2017 ќе се одржи Зимски Кошаркарски Камп “СоЛфЕрИнО 2017”, наменет за деца од цела Македонија.
Според најавите на организаторите на кампот ќе се тренира два пати во текот на еден ден. Тренинзите ќе се одржуваат во опремена спортска сала со современа опрема прилагодена за деца на возраст од 6-16 години.
– Ќе се работи со специфична современа опрема која вклучува моторички и координациски вежби. Тренинзите ќе се одвиваат според професионална програма и вежби изготвени посебно за секоја возраст. Децата ќе тренираат во групи за да им се посвети повеќе внимание, да ја подобрат и усовршат својата индивидуална игра, да се отстранат негативните навики и да се подобрат нивните технички способности, велат од Кошаркарскиот Клуб „Про Баскет“.
За време на кампот со децата кои тренираат кошарка ќе се работи на тимската комбинаторика и тимската игра.
извор: ОхридПрес
Facebook Коментари