Втора победа, Македонија – Ангола 31:22

- Спорт
753

Makedonija-Angola

Најдобрата македонска ракометна репрезентација ја оствари и втората победа на светскиот шампионат во Франција, ја победивме африканската репрезентација – Ангола.

Избраниците на Червар само на почетокот имаа проблеми со противниот за да потоа со подобра игра ги постават работите како што треба и дојдат до успех како добра најава за тешките битки со Словенија, Шпанија и Исланд.

pobednicko-selfi

Како и по првиот меч со Тунис така и сега нашата експедиција го одбележа успехот со насмеана селфи фотографија од соблекувалната.

Еве го двојниот цепелин на Филип Лазаров, кој сигурно ќе биде запаметен на ова првенство:

 

Следниот натпревар се игра во понеделник против репрезентацијата на Словенија, во 17:45 часот.

Facebook Коментари