Вториот меѓународен турнир „Вардар 2017″ ќе се одржи од 23-ти до 26-ти август

- Спорт
1044

Европските вицепрваци, ракометарките на Вардар се вратија во Скопје и сега се подготвуваат за настап на вториот меѓународен турнир „Вардар 2017″ што од 23 до 26 август ќе се одржи во СЦ „Јане Сандански”. Тоа ќе бидат први натпревари во новата сезона, и можност на дело да се види тимот што сезонава ќе игра во лигата на шампионите и во регионалната ВРХЛ лига.

На турнирот ќе учествуваат шест екипи, што ќе бидат поделени во две групи. Победниците од секоја група потоа ќе играат во финалето. На турнирот ќе играат следните екипи:
Вардар – Македонија
Будуќност – Црна Гора
Одензе – Данска
ЧСМ Букурешт – Романија
Краснодар – Русија
Ростов – Русија

Екипите ќе бидат поделени во две групи. Победниците од секоја група ќе играат во финалето, а другите за пласман со тим од другата група. Победникот ќе освои и парична награда од 5.000 евра, второпласираниот – 3.000 евра, а третопласираната екипа – 1.000 евра.
На турнирот ќе се изберат најдобар голман, играч и стрелец.
Вардар е победник на првото издание на турнирот.

Цената на билетот за турнирот ќе биде 50 денари за еден натпревар, односно 100 денари за два натпревари во денот, и истите може да се купат на билетарницата во СЦ „Јане Сандански”.

Извор: zrkvardar.mk

Фото: zrkvardar.mk

Facebook Коментари